I-ОСНОВНИ
ПОДАТОЦИ ЗА
ЈЗУ ЗАВОД ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СЛУХ, ГОВОР, ГЛАС-БИТОЛА
1. ИСТОРИЈАТ ЗА ЗАВОДОТ
Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас е основан
во 1951 година . Во 1967 е одделен логопедскиот оддел за логопати, а до
01-03-1991 работи во состав на истоимениот Завод Скопје. После тоа работи
самостојно на ниво на пошироки региони во
Р.М со основна дејност
рехабилитација на слух, говор и глас. Заводот е лоциран во централното градско
подрачје на ул.Елпида Караманди бр 28 во
Битола
2.
ОСНИВАЧ
Оснивач на ЈЗУ“Завод за рехабилитација на слух, говор и глас“ –Битола е
Владата на Р.Македонија и Министерството за здравство , а финансиер е ФЗО на
Р.Македонија дирекно преку трезорска сметка на Фондот во Битола.
3. ДЕЈНОСТ НА ЗАВОДОТ
ЈЗУ“Завод за
рехабилитација на слух, говор и глас –Битола врши специјалистичко-консултативна
, болничка здравствена заштита и ги извршува следните дејности:(шифра 86.90)
·
Специјалситичко
консултативни прегледи рехабилитациони постапки според медицински индикации;
·
Специјалистички
рехабилитациони третмани на лицата со растројства на слухот, говорот и гласот
преку превентива, дијагностика, протетика и рехабилитациони третмани
4. ОРГАНИЗАЦИЈА
И ОРГАНИЗАЦОНИ ЕДИНИЦИ
Работата во Заводот се реализира преку организациони единици
и тоа:
·
Единица
за говор која е организирана во следните одделенија:
-
Оддел за дијагностика
-
Оддел за ALALIA
и DYSLALIA
-
Оддел за DYSARTHRIA
-
Оддел за
AUTIZAM
-
Оддел за
APHAZIA и DYSPHASIA
-
Оддел за
DYSLEXIA и DYSGRAPHIA
-
Оддел за
ГЛАС
·
Единица
за слух
·
Болница
·
Административно-техничка
служба
5.СТРУКТУРА НА КАДАРОТ
3- МАГИСТРИ,
ДИПЛОМИРАНИ ЛОГОПЕДИ
5-ДИПЛОМИРАНИ
ЛОГОПЕДИ
1-ЛОГОПЕД СО
6 СТЕПЕН
2-ПСИХОЛОЗИ
1-АУДИОМЕТРИСТ-АУДИОПРОТЕТОЧАР
1-ДИПЛОМИРАН
СОМАТОПЕД
4-МЕДИЦИНСКИ
СЕСТРИ
1-ЗДРАВСТВЕН
СТАТИСТИЧАР
1-ЕКОНОМ
ДОМАЌИН
1-ТЕХНИЧАР
1-ХИГИЕНИЧАР
ВКУПНО
ВРАБОТЕНИ 21
Заради
задоволување на потребите во Заводот се ангажирани и 2 волонтери.
I I
-ОСНОВНИ МЕНАЏЕРСКИ АКТИВНОСТИ НА ДИРЕКТОРОТ ВО ЈЗУ ЗАВОД ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА
НА СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС-БИТОЛА
Имајќи ја во предвид специфичноста на овој комплексен здравствен систем во
кој што работат луѓе -специјализирани кадри во дадена област - логопеди,
сурдололози, психолози и останатиот
помошен персонал , за пациентите да добијат соодветен ефективен и ефикасен
третман и заради подобрување на условите на живот повеќе од очигледно е дека е
неопходен квалитетен менаџмент.
Менаџментот на ЈЗУ„Завод за рехабилитација на слух говор и глас“ треба да биде организиран и развиен систем на
правила, функции и задачи кои ќе спроведуваат одговорни и подредени поединци на
различни нивоа на заштита на пациентите со цел да се корегира или санира појавената патологија.
Менаџментот
има комплексна одговорност за доброто
функционирање на целиот здравствен систем, во сите негови менаџерски нивоа (
директор, управен одбор, логопеди, психолози, аудиомерист, соматопед,
останатиот административен персонал како
и контактите со Министерството за
здравство и ФЗО на Р.Македонија.
Директорот како врвен менаџмент
во една ваква установа ќе ги обавува следниве функции:
- Планирање
Ø Планирањето е одлучување однапред што да се направи и
како да се направи
Ø Планирањето е процес
на формирање на цели и определување што треба да се прави за да се остварат тие
цели
Ø Планирањето е
мисловна активност на човекот насочена кон постигнување на однапред предвидена
цел.
Јасна и конкретно дефинирана цел е важна одлука не
само на планирањето, а и на целиот процес при извршувањето на активностите. Без
системски изработени планови, активностите во секоја институција би се одвивале
некоординирано, со многу лутања, а извршувањето на поставените цели би било
стихијно со можност за неуспех.
Планирање во
ЈЗУ„Завод за рехабилитација на слух говор и глас“ претставува
идентификација на целите предвидувајќи и предлагајќи акции (активности)
за нивно остварување. Во овој дел влегува и планирањето за видот и обемот на
работа како сегмент од целокупното работење на Заводот.
- Организирање
Организирањето претставува систем на активна соработка
на две или повеќе личности, а ги содржи следниве општи елементи: вклучува луѓе
кои ќе ја извршуваат работата, личностите меѓу себе се поврзани, интеракциите
можат да бидат пропишани во една структура, секоја личност има свои цели и
очекува со вклучувањето во организацијата, тоа да му помогне да ги оствари
своите цели. Процесот на организирање всушност е процес на групирање на
активностите и ресурси на најпогоден начин, при што се прецизираат активностите
на секој вклучен во истиот. Со групирањето на активностите и со усогласување на
работата на поединците оптимално се постигнуваат основните цели на
организацијата. Менаџерите го надгледуваат и насочуваат целокупниот процес на
организирање.
Организирањето во Заводот означува тимска работа како
во дијагностицирањето на пациентите така и во целокупниот рехабилитационен
третман.
3.Комуникација
Комуникацијата е процес кој има за цел да ја пренеси
информацијата. Пренесувањето на информацијата може да има разни форми: формални
дискусии со подредените; неформални
договори, огласување итн. Добрата комуникација е основа за остварување на добро
мотивиран работен тим односно позитивна работна клима. Основната задача на
успешниот директор(менаџер) е да ги организира и насочува вработените за реализација на поставената цел, а тоа е
соодветна рехабилитација на нивните пациенти. Мотивацијата е еден од најважните
предуслови за хармонична работа на луѓето која води до успешно завршување на
дадените работни задачи. Подобрувањето на комуникацијата води до подобрување на
мотивацијата,полесна кооперација на луѓето во самиот тим и полесна реализација
на работната задача.
Во наредниот перид во ЈЗУ „Завод за рехабилитација на
слух, говор и глас“-Битола коминикацијата со вработените ќе биди непосредна за
задоволување на потребите на самите вработени
како и преку раководителите на работните единици, Стручниот колегиум и
комисиите за задоволување на законската
рамка и подобрување на целокупното работење.
4.Мониторинг/контрола
Мониторингот преставува секојдневно пратење ма
активностите во текот на нивната примена со цел да се провери дали се спроведуваат според планот и на време, за да
можат да се преземат конкретни мерки доколку дојде до нивно нереализација . Со
помош на мониторингот можи да се измерат
резултатите, да се споредат со планираните и да се преземе конкретна акција
доколку поставените цели не се извршуваат правилно.
Директорот (менаџерот) на ЈЗУ„Завод за
рехабилитација на слух, говор и глас“мора да биди сигурен дека акциите кои го
преземаат неговите вработени одат во правец на поставените цели. Оваа контролна
функција мора да ги вклучи во следните чекори:
Ø
Утврдување на стандардите за
извршена работа;
Ø
Мерење на квалитетно извршената
работа и нивна споредба со утврдените стандарди; (Анкетен прашалник за
задоволство на пациентите)
Ø
Идентификација на неуспесите за
остварување на планираните активности;(споредбено проучување на рецидиви на
пациенти во установата)
Ø
Преземање на корективни
мерки(акции) за најдените пропусти/ недостатоци
5.Водство/ лидерство
Водството/лидерството
на менаџерот е легитимна функција, но таа вклучува и индивидуално влијание за здобивање на персоналот како би се
спровеле целите на самата организација. Тоа подразбира работа со луѓето по пат
на некои индивидуални карактеристики: шарм, харизма, личниот стил
итн.
7. Принципи од кои ќе се води менаџерот
(директорот) во ЈЗУ„Завод за рехабилитација на слух, говор и глас“-Битола
Ø Распоред на работата - колку повеќе
вработените се усовршуваат толку поефикасно и ефективно ќе се извршува
работата;
Ø Дисциплина- персоналот во организацијата треба
да ги почитува правилата и договорите со кои што се управува во организацијата.
Дисциплината ќе произлезе од доброто раководство на сите нивоа на
организацијата, коректни договори за сите вработени во организацијата (
наградување на квалитетната работа и законското спроведување на казни за
неизвршени работни обврски;
Ø
Единственост во наредбите -секој вработен ќе добие упатства за одредена операција само од
менаџерот (директорот). Информацијата ќе биде изворна и точна само доколку биде
писмено доставена и образложена;
Ø
Единственост во управувањето- Операциите во организацијата
чии цели се заеднички на целокупниот персонал ќе ги извршува само врвниот
менаџер.
Ø
Подредување на индивидуалните
интереси спрема интересите на организацијата-
интересите на персоналот нема да преовладуваат во однос на интересите на оваа
здравствена организација. Примарно ќе биде соодветната рехабилитација на
пациентите, а секундарно ќе се разгледуваат интересите на вработените;
Ø
Наградување-
компензацијата за добро извршената работа ќе биде неселективна и правична;
Ø
Централизација- менаџерот (директорот) ќе ја задржи крајната власт но на вработените
ќе им даде доволно власт за да ги извршуваат своите работи.
Ø
Праведност- менаџерот (директорот) ќе биде пријателски расположен, наклонет и
праведен спрема сите вработени;
Ø
Кадровска стабилност- вработените треба да поседуваат соодветна квалификација и знаења;
Ø
Иницијатива- Менаџерот (директорот) треба да покренува иницијативи за подобрување на
целокупниот процес во организацијата , така што сите вработени би можеле да го
следат;
Ø
Тимска работа- промовирање на тимската работа со цел обединување на вработените.
I I
I -ИДНИ ПРОУЧУВАЊА И ИНОВИРАЊЕ НА ТЕХНИКИТЕ И МЕТОДИТЕ НА ЕФЕКТИВНА И ЕФИКАСНА
РЕХАБИЛИТАЦИЈА
Ø Обучување на кадарот за работа со „Говорната лабараторија“-која е
единствена во Р.Македонија
Ø Посета на обуки и семинари од областа на логопедијата, психологијата,
дефектологијата, медицината и останатите интердисциплинарни области;
Ø Аташирање на логопеди и во останатите градови Дебар, Охрид,
Струга,Ресен во рамките на постоечкиот кадар и
буџетот дозволен од ФЗО на Р.Македонија.
Ø Предлагање до ФЗО Пакет услуги за теренска работа за поефикасен и
поефективен рехабилитационен третман на пациенти кои посетуваат основни
училишта.
Ø Придржување до медицинските протоколи и патеки со цел на пациентите да им се овозможи комплетна
рехабилитација и сознанија кои услуги можат да ги добијат во рамките на
Заводот.
Ø Доостручување и дообучување на вработените за ефективно и ефикасно
работење со ЕЗК како о ефектуирање на опремата која е донирана од
Министерството за здравство
Ø Осовременување на сурдолошкиот одддел со цел практична реализација на
регистрираната дејност која се состои во набавка, дистрибуција и поправка на
слушни и говорни помагала. Примарно е регионална поставеност на оваа дејнст.
Ø Афирмирање на Заводот преку организирање на работилници, трибини и
изработка на флаери преку кои
популацијата ќе се запознае со дејноста на Заводот и неопходноста од
навремената рехабилитација.
А К
Ц И О
Н Е Н
П Л А Н –тековно работење
|
Реден
бр
|
Активност
|
Носители
на дејност
|
Временска
рамка
|
|
1.
|
Договори
со директорите на детските градинки и основните училишта за патронажни логопеди
|
Директор
на ЈЗУ „Завод за рехабилитација на слух, говор и глас
Директори
на детски градинки и основни училишта
|
Септември
|
|
2.
|
Договори
со ФОНД за Здравство, Министерство за здравство
|
Директор
Членови
од соодветните институции
|
Континуирано
|
|
3
|
Одржување
на состаноци со стручниот колегиум
|
Директор
вработени
|
По
потреба
|
|
4.
|
Одржување
на состаноци со Управен одбор
|
Директор
Членови
на Управен одбор
|
По
потреба
|
|
5
|
Пратење
на новите логопедски истражувања и воведување на нови техники и методи за соодветна
рехабилитација на пациентите
|
Директор
логопеди
|
Континуирано
|
|
6.
|
Соработка
со ЦСР, Дом за доенчиња и мали деца, Ментално здравје -Битола
|
Директор
Членови
на соодветните институции
|
Континуирано
|
Super!!
ReplyDelete